ЈАВЕТЕ СЕ!

ЗОШТО SUPPORTA

SUPPORTA собните врати се производ на посветеност и верба во сопствената способност. Истрајноста во идеите и квалитетот кој мора да биде она што сите би го сакале во нашите домови, ги создадоа деловната идеја и принципот на SUPPORTА. Eнергијата на младиот колектив на SUPPORTA внесува ентузијазам во работењето и придонесува за полесната соработка. Отвореноста и искреноста, како во презентацијата на производите така и во самото работење, си го поставија за цел задоволниот купувач кој ја потврдува својата доверба во SUPPORTA вратите. Секој елемент и декор на вратите има личен карактер и истрајно и внимателно е избран со желба секој купувач кој има SUPPORTA врата да добие функционален, а при тоа естетски детал кој со години дополнително ќе го украсува ентериерот.

EДИНСТВЕНО ЛЕСНА СОРАБОТКА

Oд изборот на производи до испораката и вградувањето, SUPPORTA е со Вас да одговори на сите прашања и да Ви овозможи целосна поддршка. Сигурните советници на SUPPORTА ќе ги сослушаат сите Ваши потреби и барања и ќе предложат најдобро решение. Секој купувач е единствен, a целта на SUPPORTA е Вашето опремање со внатрешни врати да биде колку што е возможно поедноставно искуство.

УНИКАТЕН ПРОИЗВОД

Без оглед на тоа дали ќе се одлучите за врата од нашето сериско производство или за врата направена согласно Вашите потреби, SUPPORTA Ви нуди единствено визуелно доживување. Работејќи со италијанските дизајнери се задоволи стремежот и производите од сериското производство да бидат визуелно единствени. На тој начин секоја врата во просторот, па дури и оние кои не се изработени по конкретно барање, ќе имаат свој, исклучителен изглед.

НАША СТРАСТ

Собните врати не се само производ кој посветено го произведуваме, туку се и наша страст. Големата желба за унапредување и учење го водат тимот на SUPPORTA кон нови идеи и решенија, проширувајќи ги знаењата и создавајќи вредно искуство.

ЕДИНСТВЕНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА КВАЛИТЕТ

Со посветениот избор постојаната контрола на материјали и процесот на производство, се обезбедува постојаност во квалитетот на SUPPORTA вратите. Сите материјали кои се користат во SUPPORTA производството се со познато европско потекло и сите поединечно поседуваат потребни сертификати зависно од видот на ватеријалот и употребата. Процесот на производство на секоја нова колекција се завршува дури по постигнатите највисоки стандарди за квалитет, па така секоја колекција на SUPPORTA вратите се тестира на IMS и на Институтот Розенхајм.

ИНОВАЦИИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КУПУВАЧИТЕ

Секој ден повеќегодишното искуство на SUPPORTA тимот насочено е кон новите потреби и естетски барања. Постојаните инвестиции во развојот на иновациите претставуваат предност која купувачот ја чувствува преку пријатното и лесно купување и користење на вратите.

ВРАТИ КОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Покрај привлечниот дизајн, постојаноста на квалитетот и автоматизираниот машински производствен погон, SUPPORTA поседува неодолив сет на вредности и својот производствен пораст го врши на општествено одговорен начин. SUPPORTA ја разбира важноста на зачувувањето на животната средина и верува во општествената одговорност кој доаѓа од секој поединец. Затоа вложува во материјали кои доаѓаат исклучиво од обновливи извори на шуми, а производствениот процес се врши со почитување на строгите прописи за одржување и почитување на животната средина и човековото здравје. Исто така, на крајот на производствениот процес, целиот собран отпад се преработува во пелет кој е лабораториски испитан и сертифициран.

ОРИГИНАЛЕН ДИЗАЈН

SUPPORTA ги задоволува естетските барања на дизајнерите на ентериери, како линија на врати со современи и провокативни декори и исклучителна завршна обработка. Функционални и елегантни, им одговараат на сите станбени типологии и различни стилови на внатрешно уредување, следејќи ги современите трендови на уредување на простори. Оригиналниот, органски дизајн, на ненаметлив начин ги доловува природните структури, а единствените шари оставаат впечаток на рачно изработени врати.

ЕДИНСТВЕНО БРЗА ИСПОРАКА

Благодарение на големиот број на вработени кои секојдневно работат на подобрување на производите, како и на високиот степен на организација, SUPPORTA со своите производствени и магацински капацитети гарантира најкратки рокови – од земање на мерки, производство на врати по мерка, до испорака на градилиште и вградување. На тој начин, покрај квалитетот на производите обезбедено е и највисоко ниво на придружни услуги.